Втор обид да се најде некој да го гради Луна-паркот


Првиот јавен повик за изградба на нов луна парк кој беше објавен во март пропадна, сега се распиша втор повик.

Забавниот парк е планирано да се гради на истата локација во Градскиот парк, но на поголема површина од околу 25.327 квадратни метри. Вредност на проектот е 12 милиони евра, а ќе се додели на 35 години.

Поради дотраените реквизити, електрична и водоводна инсталација – инвестиции за кои градот нема свои средства, се бара концесионер кои ќе го изгради и модернизира луна паркот и потоа ќе стопанисува со него 35 години. Повикот трае до 3 декември годинава.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1