Лозинки од илјадници профили на социјалната мрежа Фејсбук на „Дарк веб“ се продаваат по цена од само 3,90 долари, односно околу 200 денари, а лозинки на мејлови чинат 2,70 долари, откриваат американските медиуми.
Ова значи дека многу лесно хакерите можат да дојдат до нечиј онлајн живот, а со тоа да украдат и други чувствителни податоци. Поради тоа, експертите советуваат најпрвин да ја промените лозинката, а покрај тоа, најдобро е да се користи повеќекратна верификација, како на пример внесување телефонски број на кој ќе ви стигне СМС со код при најавувањето.
Оваа вест пристигнува само неколку дена подоцна откако од Фејсбук открија дека дошло до огромен безбедносен проблем кој што погодил над 50 милиони корисници, вклучувајќи го и првиот човек на социјалната мрежа, Марк Закерберг.
На блогот на компанијата која што го спровела истражувањето „Мани Гуру“, се тврди дека ваквите податоци најчесто се продаваат на податоци кои што имаат намера да спроведат таргетирано огласување.
За време на истражувањето, најголемо внимание било посветено на „Дарк веб“, по што откриле од прилика колку чини „продажбата“ на чувствителни податоци како што се лозинки и мејлови.
Со истражувањето, меѓу другото утврдиле дека цената на лозинка за акаунт на „Редит“ се движи околу 2,09 долари, за „Инстаграм“ околу 6,30 долари, а за „Пинтерест“ до 8,48 долари. Лозинка за корисничко име на Твитер се продавала по цена од 3,26 долари, додека лозинките за мејл сервисите се продавале по цена од околу три долари.
Tocka.com.mk