Кинески автопати; Презентирани 288 СМС пораки на функционери


Вкупно 288 СМС пораки се прочитаа денеска на рочиштето за кинеските автопати, односно за случајот „Траекторија“. Специјалното обвинителство презентацијата на пораките како доказ ги подели на три дела. Во сите три, главна улога им екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Првите 103 пораки кои се дел од доказите на СЈО се помеѓу Јанакиески и тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески. Токму Ставрески во комуникацијата со Јанакиески реагира на игнорирањето на втората кинеска фирма заинтересирана да ги гради делниците Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип.

Во размената на пораките тогашните министри пишуваат дека треба да разговараат со премиерот Никола Груевски околу изборот на македонски фирми кои ќе работат на трасите. Јанакиески разменувал и пораки и со тогашниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Пред читањето на СМС комуникацијата на обвинетите во судот изминативе месеци се пуштија преку 300 прислушувани разговори.

Според СЈО, иако имало втора понуда која била поевтина за близу 5 милиони евра, сепак обвинетите ја игнорирале и ја фаворизирале „Синехидро“. Бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор со кинеската фирма е над 155 милиони евра. Во „Траекторија“ обвинети се четири лица. Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски за злоупотреба на службената положба, додека екс-премиерот Груевски е обвинет за примање награда за противзаконско влијание.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1