Олумчев: Присуство на тигрестиот комарец во општините Богданци, Дојран и Гевгелија


Детектирањето на тигрестиот комарец во општините Богданци, Дојран и Гевгелија предизвика вознемиреност кај населението поради опасноста од болестите што може да ги пренесе, но место за паника нема, вели епидемиологот д-р Сашко Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

-Овој комарец веќе покажува знаци на прилагодување кон постудени клими, што може да резултира со пренесување болест во нови области особено во северната полутопка што го прави атрактивен од јавно здравствен интерес. Поради тоа се воведоа системи за надзор од Европскиот центар за контрола на болестите, во кој сме активно вклучени и ние како земја партиципиент, рече Олумчев и додаде дека во овој период комарецот хибернира.

Тој потсети дека уште во 2016 година присуството на тигретиот комарец е докажано во атарот на општина Богданци, за да се прошири и на други општини како што е Дојран каде со поставување мамки на сомнителни територии, беше потврдено неговото постоење

На териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран постои редовна интерактивна соработка меѓу локалните самоуправи и епидемиолошката служба во Гевгелија за преземање навремени и адекватни мерки со кои биорасположливоста на тигрестиот комарец се контролира и се сведува на минимум, вели Олумчев и во насока на смирување на населението нагласува дека опасноста од појава на болести што ги пренесува тигрестиот комарец на југоистокот од земјата е минимизирана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1