Прогонот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е политички мотивиран од страна на актуелната криминална и ненародна власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека премиерот Зоран Заев преку политичката хајка против Груевски „сака да ја дефокусира јавноста од промената на името преку амандманската расправа за промена на Уставот и катастрофалниот ребаланс на буџет, која ја отсликува неспособноста на власта.“
„Партиското „Кацарска судство“ во срамен и монтиран случај го осуди Никола Груевски за непостоечко дело, додека Зоран Заев ја ограбува државата и ги продава името, идентитетот, јазикот, традицијата, историјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако Кривичниот совет на 9 октомври ја потврди одлуката за неодложување на двегодишната затворска казна на Груевски за случајот „Тенк“ на СЈО, но судските служби се уште не му го доставиле решението на поранешниот премиер.