Британката Сана Мухамед (35), која била во осмиот месец од бременоста, со самострел ја убил поранешниот сопруг и тоа пред децата.
Поранешниот маж Сана ја нападнал додека миела садови во семејната куќа. Одведена е во болница каде е породена додека стрелаta се уште и била забиена во градите. Детето, кого роднините го нарекоа Ибрахим, е во критична состојба и се бори за живот.
Мажот на жртвата, Имтиаз Мухамед, изјави дека самиот открил дека напаѓачот се скрил во шупата.
„И викав да трча“, но тој ја погоди. Стрелата и помина само неколку сантиметри од телото на нероденото бебе.
„Стрелата на Сана и се заби во срцето, но не го допре детето. Требаше да се породи за 4 недели. Поради преголемиот ризик не ја извадија стрелата во текот на операцијата“, рече мажот.
Тој Сана ја опиша како прекрасна мајка и жена. Пријателите наведуваат дека таа имала 5 деца, три со првиот маж, кои имаат 12, 14 и 18 години и две со сегашниот, на возраст од 2 и 5 години.
Убиецот Раманога Унматалегада е пронајден и се товари за убиство.
„Нејзиниот прв брак беше договорен, тие се од Маврициус. Беше многу постар од неа и не беа среќни. Тој се одсели и тие се разделија. Со Имитиаз беше многу среќна, ова е трагедија“, рече една нејзина пријателка.