Како Груевски без пасош успеал да стигне во Унгарија?


Министерот за внатрешни работи синоќа во емисијата “Само Вистина”, рече дека полицијата нема сознанија и го повика Јавното Обвинителство да спроведе истрага за да се дознае како и на кој начин експремиерот избегал во Будимпешта и дали некој за тоа му помогнал. Од обвинителството засега нема информација дали отвориле случај пишува Канал 5. 

Во отсуство на официјални информации во јавноста веќе се шират разни сценарија за начинот на кој Груевски избегал. Едно и помалку веројатно е дека тоа го направил со спортски авион, а второто и поверојатно е дека избегал преку т.н. зелен премин. Ова сценарио како најверојатно го смета и минситерот Спасовски.

Во јавноста најчесто споменувана рута за која се шпекулира е преку див премин во близина на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Бугарија во близина на Крива Паланка. Од таму според ова сценарио Груевски преку Врање, Белград и Нови Сад стигнал до див премин на српско-унгарската граница.

Доколку овие информации се потврдат тогаш ќе се отвори прашањето кој се му помогнал на експремиерот и каква е улогата на властите во Србија и Унгарија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1