Доктор од западноиндиската држава Гуџарат е уапсен откако пијан направил царски рез.
Бебето починало уште за време на породувањето со царски рез , а мајката нешто подоцна. Полицијата информира дека со алкотест било утврдено дека докторот бил пијан , а во моментот се истражува дали до смртта на мајката и детето дошло од немарност или поради медицински компликации.
Докторот Лакани има големо искуство и како гинеколог работи 15 години во болницата Сонавла. пациентката Камини Чачи дошла во болницата во понеделникот вечерта , откако добила болки.
Откако докторот го извршил царскиот рез , на семејството му било кажано дека бебето умрело при породувањето, а мајката има обилно крварење. Тогаш семејството решило да ја префрли жената на приватна клиника , но по пат жената починала.
Полицијата била повикана токму од докторот , кој се плашел дека семејството ќе се врати и ќе го убијат. Кога дошле полицајците , виделе дека е пијан и му направиле алкотест.