Мечка изеде мајка и бебе во Канада


Млада мајка и нејзиното десетмесечно бебе загинаа на само неколку метри од нивната колиба , кога биле нападнати од мечка.

Несреќата се случила во областа Јукон во Канада , каде гризли ја нападна 37 годишната Валери Торет и нејзината ќеркичка Адел Решолт. Жената била учителка на шесттие одделенија во училиштето во местото Вајтхорс. Заедно со партнерот решила да помине неколку месеци од породилното отсуство во дивината на Канада , во подрачје познато по лов на мечки.

Незиниот партнер во понеделникот тргнал да види дали некоја мечка се фатила во стапиците , кога бил нападнат. Имал пушка , па успеал да ја застрела мечката на само 100 тина метри од колибата. Но , кога пристигнал пред колибата , видекл дека мечката ги убила неговата партнерка и ќерка му.

Двојката имала веб сајт на кој се рекламирале како водичи низ природа и консултанти за мапирање , додека Торет се рекламирала како крзнар , која изработува сувенири од мечкино крзно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1