Почина режисерот и поранешен претседател на собранието, Љубиша Георгиевски


На 81 годишна возраст почина Љубиша Георигиевски. Истакнатиот македонски театарски и филмски режисер, професор на Факултетот за драмски уметности, и политичар утринава почина во Скопје.

Како театарски режисер, има поставено над 160 претстави во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави. На универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици ширум Европа.

Има објавено и десеттина книги. Режисер е и на филмовите „Под исто небо“, „Планината на гневот“, „Републиката во пламен“ и „Цената на градот“. Добитник е на повеќе од дваесетина награди.

„Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев. Не може да се блеска, а да не се гори. Веќе не живееме во време што каса. Сега сум само пепел и знаење“, рече Георигевски пред три години на 55 годишниот јубилеј од неговата кариера.

Како политичар, Георгиевски во 1994 беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, како и амбасадор во Бугарија и Србија. Највисоката државна функција која ја вршеше е претседател на Собранието од 2006 до 2008 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Важеше за критичар на сите поголеми полтички и општествени настани, особено борејчи се заштита на македонскиот идентитет.

Георгиевски е роден на 30 мај 1937 година во Битола. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радиорежија“, во Белград 1974.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1