Помирување не може да има ако членови на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно трпат закани и притисоци. Лидерот на опозицијата денеска од Велес повторно го повика премиерот Заев на ТВ дуел, но и одговори на неговото прашање, која е алтернативата за договорот од Преспа и евроинтграцијата на Македонија.
Пред велешани Мицкоски потсети и на бројните ветени а не реализирано проекти, извисени граѓани, земјоделци, лекари. По скоро две години власт на СДСМ, економијата тони, граѓаните плаќаат повисоки даноци, поскап леб и бензин, решение за загадувањето нема. Мицкоски ги повтори и 6те барања на опозицијата.
Првиот пораз според Мицкоски СДСМ ќе го доживее на претседателските избори идната година, а веднаш потоа и на предвремени парламентарни. Се дотогаш, опозициската партија ќе протестира секоја среда во Скопје и секој викенд низ Македонија.