Пристигнува поларен бран во Европа! Метеоролозите најавуваат екстремно ниски температури


Метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“ наскоро ќе се формира и дополнително ќе влијае на временските услови ширум светот со што ќе ги зголеми шансите идната година да биде најтопла во историјата на мерењето.

Како што предвидуваат од Центарот за предвидување на клима при американската Национална управа за океани и атомсфера, 80% има шанси „Ел Нињо“ веќе да има започнато да се формира и тоа ќе трае до крајот на февруари 2019-та година.

Влијанијата на „Ел Нињо“ станаа се поопасни во текот на изминатите неколку години поради глобалното затоплување, а тие уште повеќе ќе се влошуваат со оглед на тоа што просечните температури ќе продолжат да растат, стои во студијата објавена во “Geophysical Research Letters”.

„Ел Нињо“ настанува поради флуктации на правците на ветровите и температурата на водите во тропскиот дел од Тихиот океан. Самиот термин на шпански јазик значи „Мало дете“ и се однесува на малиот Исус, затоа што ефектите на „Ел Нињо“ најмногу се чувствуваат околу Божиќ.

„Со „Ел Нињо“, голема е веројатноста 2019-та година да биде најтопла во историјата“, изјави Саманта Стивенсон, климатолог од Универзитетот во Калифорнија за „Национална географија“.

Британските метеоролози најавуваат формирање на поларен вортекс над земјата и најавуваат драстично опаѓање на температурите во втората половина од зимата. Според британските метеоролози „Ел Нињо“ кој што настанува во топлите води на Пацификот ќе предизвика подигање на топлиот воздух и сето тоа ќе влијае студениот воздух да стигне до Велика Британија и остатокот од Европа.

Нискиот атмосферски притисок кој се развива над Атлантикот ќе се судри со студениот воздух над Велика Британија, а драстично опаѓање на температурите е предвидено и за остатокот од европскиот континент.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1