Со 95 гласови „за“ и ниту еден „против“, по скратена постапка Собранието го донесе Законот за амнестија за настаните од 27 април – „крвавиот четврток“
Според усвоениот закон, амнестијата нема да ги опфати организаторите на насилствата и лицата кои го подготвувале, оние кои носеле оружје, лицата кои извршиле насилство како и службените лица од МВР кои постапиле спротивно на нивните овластувања. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕи Панчо Минов од ГРОМ кои соопштија дека се приклучиуваат на листата предлагачи на законот.
Еден од предлагачите на законот, Зеќир Рамчиловиќ од редовите на независните пратеници изјави го образложи законот изјавувајќи дека со овој потег треба да се релаксираат односите во наредните две години. Тој нагласи дека помирувањето е предизвик и исчекор и дека е во интерес на општото добро и просперитетот и иднината на Македонија.
Сега законот треба да биде да биде потпишан од претседателот Иванов и потоа да биде објавен во Службен весник по што и официјално стапува на сила. Оттогаш тече и законскиот рок од пет дена во кој обвинетите и осудените треба преку барање до судот и обвинителството да се изјаснат дали за нив треба да запре судската постапка, односно дека бараат амнестија. Судот или Обвинителството откако ќе го прими барањето има рок од 5 дена да одлучи. Законот дозволува и жалба во второстепена постапка.