Заев и Ципрас официјално номинирани за Нобелова награда за мир


Договорот од Преспа ги стави Заев и Ципрас на листата на кандидати за Нобеловата награда за мир.

Номинацијата до комитетот во Осло ќе ја достави Уидед Бушамаи, која пред три години како дел од националниот квартет ја доби нобеловата награда за постигнување на мир и демократија во Тунис.

„Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши се“, рече Бушамауи.

Номинацијата ја поздрави и грчкиот европарламентарец Стелиос Колуглу. Според него преспанската спогодба е единствена добра вест која , во овие времиња, доага од Европа. Фактот дека догворот го оспоруваат опозициите и во двете држави е доказ дека Заев и Ципрас се издигнале над дневната политика и постигнале компромис кој гледа во иднинатав вели пратеникот од редовите на Сириза.

Заев и Ципрас се храбри луге…Тие ги оставија партиите на страна и склучија договор кој решава многу прашања.

По денешната церемонија во Скопје, Бушамауи и Кулоглу ке заминат во Атина, каде што ќе се сретнат и со грчкиот премиер Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат номинацијата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1