Во средното стручно и градежното училиште во Ниш од утрово владее молк.
Во сообраќајната несреќа кај Ниш настрадаа двајца ученици од овие две училишта. Алекса Д. бил одличен ученик, бил прва година во средното градежно училиште, додека Маријана К. била трета година во средното стручно училиште. Овие две училишта се наоѓаат во ист комплекс и користат ист двор.
Како што пренесуваат српските медиуми, Маријана утрово се успала и задоцнила на првиот час, па одела со автобусот кој беше смачкан од воз.
Страшната несреќа ги растажи и учениците и професорите.
Директорката на средното стручно училиште вели дека во сообраќајката со повреди се здобила уште една ученичка.
Во тешката несреќа во која учествуваа автобус на „Ниш експрес“ и воз загинаа 5 лица, а 27 се повредени.