Исповед на момче кое ја преживеа трагедијата кај Ниш: Луѓето плачеа, крв имаше насекаде


Шеснаесет годишниот Димитрије Јовановиќ поминал со полесни повреди во несреќата која утринава околу 7:15 часот се случи кај Ниш, кога патнички воз удрил во автобус во кој најголем дел биле деца, и го преполови.

Момчето во изјава за РТС вели дека во автобусот има многу негови другарчиња.

– Јас бев позади, ништо не можеше да се види. Само возот удри и на два дела го подели автобусот. Седев, излегов надвор и видов луѓето плачат, крв насекаде. Почувствував како го удри автобусот и се подели на два дела, вели Димитрије.

Според последните информации на српските медиуми, во страшната несреќа загинати се пет лица, меѓу кои 15 годишно момче, а повредени се околу 30 кои се хоспитализирани во Клиничката болница во Ниш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1