На африканската убавица Доркас Кадинда и се запали периката во моментот кога требаше да ја преземе круната откако беше прогласен за победничка.
Тој драматичен момент го одбележа финалето на натпреварот за Мис на Африка.
На убавицата победата и ја честиташе победничката на минатогодишниот избор Гасенгве Балопи од Боцвана кога искра падна во нејзината перика и се запали. Уследија ужасни крикови, зошто делуваше дека девојката би можела да се запали.
За среќа, Доркас помина без повреди.
„Добра сум. А мојата коса… И таа е добро. Сега добро се чувствувам. Ви благодарам“ напиша таа на Твитер.