Предложените измени добија зелено светло од сите пратеници во Собранието но и беше предложено Законот да важи за сите кредити општо.
Со предлог законот – нема повеќе, како што народот ги нарекуваше,, „лихварски“ камати.. Вкупните трошоци за потрошувачките кредити се ограничуваат на 55% од износот на кредитот, а кои досега стигнуваа и до фантастични 500% од сумата.
Или со пример: Ако досега за заем од 12 илјади денари на два до три месеци граѓаните враќаа и до 36 илјади денари, сега за истата сума ќе треба да вратат максимум 18 илјади денари.
Опфатени се и кредитите под 200 евра, кои досега не беа законски опфатени.
Ова следи по големата експанзија на фирмите кои нудат брзи кредити. Иако се рекламираат како кредит без камата, всушност пресметаните трошоци претставувааат скриена камата.