Тереза Меј преживеа со само 19 гласа разлика


Британската премиерка Тереза Меј го преживеа изгласувањето доверба и останува на чело на Владата.

Пратениците и изгласаа доверба на Тереза Меј. 306 пратеници гласаа против Меј , а 325 за да остане премиерка на Британија. Лидерот на опозицијата Џереми Корбин ја нарече администрацијата на Меј ,, зомби- влада” и побара да се распишат парламентарни избори.

Тој рече во излагањето дека е најдобро владата да го направи вистинскиот потег и да си даде оставка по вчерашниот тежок пораз во Парламентот , каде со огромно мнозинство не помина Догвоорот што Меј го потпиша со ЕУ за излез на Британија од Унијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1