Путин во официјална посета на Србија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во официјална посета на Србија на покана на шефот на српската држава Александар Вучиќ.

epa04305215 Russian President Vladimir Putin (R) welcomes Serbian Prime Minister Aleksandar Vucic (L) in the Novo-Ogaryovo residence, outside Moscow, Russia, 08 July 2014. Media reports state that under discussion in Aleksandar Vucic’s visit will be the Ukrainian crisis and South Stream, a planned gas pipeline to transport Russian natural gas through the Black Sea to Bulgaria and through Serbia. EPA/MAXIM SHIPENKOV / POOL

Според најавите, по свечениот пречек на белградскиот аеродром „Никола тесла“, Путин ќе положи венци на гробиштата на ослободителите на Белград и на споменикот на црвеноармејците, по што ќе има официјална средба со неговиот домаќин Вучиќ.

По разговорите во четири очи меѓу двајцата шефови на држави, ќе се одржи официјална средба меѓу делегациите на двете земји и ќе бидат потпишани повеќе документи за соработка, по што Путин на Вучиќ ќе му го врачи орденот на Александар Невски.

Путин ќе го заврши престојот во Србија со посета на белградскиот храм „Свети Сава“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1