„Флајдубаи“ најави дека почнува со воведување директни авионски летови Дубаи – Скопје и Букурешт. Од Скопје ќе има лет два пати неделно почнувајќи од 18 октомври, четврток.
Со овие директни летови им се нуди поголем избор на клиентите, зголемување на меѓународните патувања, како и можности за трговија а најавени се и ниски цени.
Воведувањето на овие две дестинации во понудата на „Флајдубаи“, имаат за цел да ја зајакнат позицијата на носечка авиокомпанија на Блискиот Исток, но истовремено да понудат и евтини билети за овие дестинации.