Според очевидци, ветровите на Халкидики биле толку силни што ги подигале тезгите од улиците.
Помеѓу повредените во една од локалните таврени се нашла и новинарка коа го изнела своето шокантно сведоштво за тоа додека се обидувале да ја спасат жената од Романија и нејзиниот син.
„Воопшто не сфативме што се случува, трчавме и спасувавме кого можеме, а имаше десетита повредени. За жал жената и нејзиниот 8- годишен син не успеавме да ги спасиме“рекла таа.
Таа вели дека ветрот бил толку силен што во таверната слетал цел киоск и тезга, под кои останале заробени жената и детето.
8- годишното дете ветрот го подигнал и го удрил во прозор додека се обидувало да побегне.
Седум лица загинаа, а стотина се повреден в невреме во Грција.
На полуостровот Халкидики е прогласена вонредна состојба.
Српските медиуми објавија дека едно девојче од Србија е повредено, а неофисцијално има уште шест лица од Србија кои се полесно овредени.
Без електрична енергија се Ситонија и Касандра, а сообраќајот се одвива отежнато поради паднати дрва на патот.
Помеѓу погодените летувалишта се Пефкохори, Ханиоти, Неос Мармарас, Калитеа и Никити.
Глетката после страшното невреме е морничава.