Списи од Мртвото море се достапни до јавноста и секој може да прочита што пишува во нив. Благодарение на соработката на националниот музеј во Израел и Google, списите од Мртвото море се објавени на интернет.
Се верува дека истите биле испишани во пустинските пештери пред 2000 години. Посетителите на страницата http://dss.collections.imj.org.il/, виртуелно можат да ги листаат страниците како и преводите на англиски јазик.
Оригиналите се наоѓаат во трезор во зграда со силно обезбедување во Ерусалим, зграда изградена исклучиво за чување на списите. Оние кои влегуваат мора да поседуваат три клуча, магнетска картичка и тајна шифра.
Списите се состојат од околу 900 документи, вклучувајќи и текстови од хебрејската Библија, која е откриена во периодот меѓу 1947 и 1956 година, во 11 пештери во околината на Кумран на северозападниот брег на Мртвото море.
Текстовите се од значително историско значење затоа што ги содржат единствените сочувани копии од библиските документи исчезнати пред 100 години. Истите тие содржат докази за значителната разновидност на верата и праксата која што се учела во храмот на Јудаизмот. Напишани се на хебрејси, арамејски и грчки јазик, повеќето од нив се напишани на пергамент, но има некои кои што се пишувани и на хартија.
Како што пренесуваат од Израелскиот музеј, на Google можат да се пронајдат само пет списи и сите преведени се на англиски јазик.
Списите кои се достапни на интернет ги присвоил Израел во периодот од 1947 година, до 1967 година.
Истите најпрвин ги пронашле бедуински овчари, во Јудејската пустина и од тогаш се наоѓаат во Израелскиот музеј во Ерусалим.
Новата интернет страница е развиена во соработка со Google и им овозможува на корисниците можност за пребарување, брзо вчитување и прегледување на фотографиите со висока резолуција, како и кратки видео снимки кои објаснуваат и даваат основни информации за текстовите и нивната историја.
Списите од Мртвото море, кои ја опишуваат најстарата позната библиска скрипта која постои, овозможуваат критички увид во еврејското друштво во Израел во периодот на Вториот Храм, времето од настанувањето на христијанството и рабинското еврејство.
Пет списи кои досега се дигитализирани опфатуваат теми од Големиот Исаја од отприлика 125 години пне.Потоа списите од Заедниците, кој се фокусираат на начинот на кој што функционирале животите во заедниците, молитвите заедничкиот живот, ритуалите и слично. Потоа списите од коментарот на пророкот Хабакук. Списите кои што ги објаснуваат изградбата на Храмовите и списите кои што ги објаснуваат тогашните војни.
Сите пет списи може да се зумираат, така што корисниците може да го прочитаат секој детал од тексот. Деталите не се видливи со голо око, но можат да се видат со ултра висока резолуција. Дигитални фотографии ги направил фотографот Ардон Бар-Хама, во резолуција до 1200 мегапиксели. Овие слики имаат речиси двеста пати поголема резолуција од оние кои ги прават стандардните камери.
Достапна е и верзија на англиски јазик, како и алатка која што може да овозможи превод на стиховите на други јазици.
Дел од експертите сметаат дека една еврејска секта, која се споменува во истите е населена во областа Гумран во еврејската пустина. Списите се наоѓаат во Израелскиот музеј уште од неговото отворање во 1965 година.
Истите се чуваат во специјални простории поради осетливоста на светлина. Списите се изложени во „Храмот на книгите“, кој го дизајнирале Арманд Бартос и Фредерик Киеслер, чија препознатлива купола потсетува на поклопувач за сад.