И ова дочекавме – конечно СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да имаат ист став за некое прашање и да не си контрираат.
По изјавата на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски дека додека е ВМРО ДПМНЕ на власт нема да има хомосексуални бракови и посвојување деца – различни реакции од сите страни.
За некои ова е дискриминирачка порака, за други сосема на место.
Денеска за ова прашање се огласи и СДСМ. Според Макфакс Петров кусо изјавил – ,, против сме,, а порталот плус инфо информира дека генералниот секретар на партијата, Андреј Петров, одговарајќи на новинарско прашање изјавил –
,, Социјалдемократскиот сојуз е против истополовите бракови да имаат право да посвојуваат деца,,
Денеска реагирале и од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
и тие се против бидејќи истополовите бракови не можат да бидат продуктивни и да бидат семејна заедница во вистинската смисла на зборот.