Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираше за сериозни нерегуларности во високото образование.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека два случаи поврзани со нерегуларности во високото образование се пријавени во Јавно обвинителство на Македонија, еден од Филозофски факултет УКИМ и еден од Славјански универзитет.
На овој факултет откриени се неправилности поврзани со вкупно 17 студенти.
Официјално се поништуваат осум дипломи на веќе поништени осум уписи.
Вториот случај се однесува на приватен универзитет. На еден студент му се поништени две дипломи бидејќи во исто време студирал на додипломски и на постдипломски студии.
Министерката Јаневска подвлече дека законот ќе се применува неселективно за сите образовни институции.










