По подолго боледување, на 75. годишна возраст синоќа почина легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер и хуморист – Гоце Тодоровски, објави неговото семејство.

Тодоровски е роден 1951 година во Кичево.
По завршување на факултетот, тој се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар.
„Го напушти овој свет, а ми вети… Срцето не издржа, престана да работи. Го реанимираа направија сè, престана да дише на кислород ставен, практично апаратурата го држеше. Не издржа бе татко, а невидена желба за живот…“, напиша ќерката на актерот во својата објава на Фејсбук.









