Посмртните останки на Цар Самоил пристинаа во Бугарија …Со високи почести, во присуство на актуелниот државен врв но и поранешни премиери и претседатели, моштите положени во базиликата „Света Софија“ во бугарската престолнина…
Бугарската влада задоволна што по неколку децении, останките се враќаат во земјата..За Румен радев, ова е историски договор кој ги обединува двете земји..
румен радев – премиер на бугарија: „Ако во минатото цар Самуил нè разделуваше сега нè обединува. Ја прави нашата стратешка соработка уште посилна, а историските односи меѓу нашите држави и народи, уште посилни. Нашето заедничко учество во Европската Унија и дава можност на секоја од нашите земји да ги чувствува подобро проблемите на другата земја. “
И Грчкиот премиер е среќен што во земјата се враќаат 48 предмети , кои, како што ги нарече, се од непроценлива вредност.. По неколку децении преговори, во Атина се враќаат реликвии од два грчки манастири и една црква кои повеќе од 100 години беа изложени во Националниот историски музеј во Софија..
киријакос мицотакис – премиер на грција: „Ги поставуваме основите на нешто подлабоко од една едноставна културна размена, бидејќи враќањето на важните реликвии од колективното сеќавање на Грција и Бугарија, ги претвора тешките моменти од минатото во мост на заедничка иднина. “
И покрај еуфоријата која владее во Софија, бугарските историчари се сомневаат дека коските се на цар Самуил со оглед на тоа што досега , никој не помислил да направи современа ДНК-анализа со која би се потврдила нивната автентичност…
проф. Милко Палангурски – историчар од Бугарија: „Со ова само се отвори „Пандорината кутија“. И проблемот не е во тоа што ние го враќаме, туку во тоа што нема список и никој не знае што е тоа. Бугарската држава не направи каталог и истражување на артефактите . Не беше направена ДНК-анализа на посмртните останки кои ќе бидат вратени во Бугарија, за да се потврди дали тие се или не се на цар Самуил. Она што го знаеме е дека на островот Свети Ахил се погребани цар Самуил и неговото семејство. “








