Најдени црви во ПЛАЗМА бисквитите (Фото)


Новосаѓанката Весна Баришиќ пронашла црви во пакување на мелени бисквити Плазма од 300 грама кој ги купила во супермаркет.

Како што пренесува тројка.рс таа ги видела црвите кога ја отворила кутијата. И веднаш фотографирала. На пакувањето стои дека производот е употреблив до 2014.

Таа прво се обратила до маркетот ,, Темпо,, на булевар Јован Дучиќ каде ги купила бисквитите, но директорот не им бил на работа и тие неможеле да даваат изјави. Потоа се обратила до агенцијата за заштита на потрошувачи но отаму и рекле дека не се нафлежни, потоа се јавила кај производителот каде и кажале да им ја испрати содржината и набргу ќе и дадат одговор, но дека според нив се работи за неадекватно складирање и чување на пакувањето.

-Никој не ги контролира дистрибутерите, магацините, никој не знае во какви услови се чуваат и се транспортираат производите. Така што вината не е само на произведувачите туку и на дистибутерите и на продавачите, изјавиле од здружението за заштита на потрошувачки права.
Нема официјална изјва од Бамби, произведувачот на Плазма.

Плазма бисквитите се едни и од најпопуларните и во Македонија.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1