Во предградие на Љубљана утринава се судриле два патнички воза.
Воз кој сообраќал од Белград и меѓународен воз од Љубљана се судриле дирекно при што се повредени 18 лица. За среќа никој од повредените нема сериозни повреди опасни по живот.
Виновник за несреќата според првичните информации е човечка грешка. Имено возот од Љубљана бил упатен на погрешен колосек на станицата Вижмарје по што дошло до судар со другиот воз кој за среќа стоел на пригата и не бил во движење, соопштува агенцијата STA.
Повредените се веднаш пренесени во болница, 2 се задржани а останатите се пуштени по укажаната помош.