Кран се откачи и виси над главите на жителите во Њујорк (Видео/Фото)


Огромен кран на висина од 65 кат на зграда во изградба во строгиот центар на Њујорк, поради силниот ветар се прекршил и виси. Надлежните стравуваат дека може да падне во пренаселениот блок.

Полицијата го затворила комплетно приодот во 57 улица.

Сенди треба да го има најсилниот удар доцна вечерва. 60 милиони луѓе се наоѓаат на патот на ураганот која достигна ширина од скоро 1.600 километри.

Паника: 26 нуклеарни централи директно на патот на ураганот Сенди

Живо: Следете го Ураганот Сенди

Инаку Сенди го потопи и легендарниот едреник „Баунти” веродостојната копија на истоимениот историски брод и учесник во снимањето на два холивудски филмски хит. Потона во крајбрежјето на сојузната дражва Северна Каролина, а двајца членови на екипажот се водат за исчезнати.

на „Баунти” имало 16 луѓе, и покрај тешките услови, ветер со брзина од 65 километри на час и бранови со височина до три метра, спасувачите успеале да ги подигнат морнарите во хеликоптерот, но наскоро било утврдено дека двајца членови на бродскиот екипаж се исчезнати. Според првичните сознанија, тие биле повлечени од бран во моментот додека се префрлале на чамецот за спасување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1