Венеција поплавена, нивото на водата продолжува да се зголемува


Центарот за прогнози и предупредувања на плимата во Венеција прогласи тревога поради зголемувањето на нивото на водите во градот, откако историскиот центар и познатиот плоштад „Сан Марко“ потона под вода, информира МИА.

Градските власти поставија дрвени мостови за да можат туристите и локалните жители да се движат низ градот.

Според прогнозите на Центарот зголеменото ниво на водата достигна 1,10 метри над вообичаеното, се очекува на полноќ по локално време да достигне 1,40 метри над нормалата.

Појавата „аква алта“ е предизвикана од неколку фактори – плимата, поројните дождови и наодаѓањето на водата од Јадранското Море кон Венеција.

Најтешкиот случај на зголемување на нивото на водата датира од 4 ноември 1966 година, кога Венеција беше поплавена со 194 сантиметри вода, а цела Италија тогаш беше погодена од кататрофални поплави.
Владата со цел да се справи со проблемот го имплементира планот „Мојсеј“, колосален инежерски проект вреден четири милијарди евра за изградба на 78 подвижни насипи со вкупна должнина од околу 2 километри на влезот од градот. Работите за овој проект почнаа во 2003 година и се очекува да завршат во 2014.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1