10.000 и Хонорарец на 30 год?? – еј газда ај иди лечи се !!!!!


– писмо од изнервиран наш соработник – преку глава му е од се, затоа и се приклучи на тимот на mknews.mk

Волонтери и хонорарци и на 30 години!!!!!!!!!!!!

Учиш, трошиш куп пари за факултет што потоа???? .

Во кратки црти во оваа земја ништо!!!!!

Многу се интересни огласите кои ги објавуваат денешниве ГАЗДИ. Се бара да си дипломиран, по можност со искуство, со познавање на јазици, возачка дозвола, препораки дека си бил добар работник и не знам уште што за на крај да седнеш на интервју и да ти рече 10 000 доволни ти се??

Секогаш работодавците се тие кои имаат многу трошоци , а дали некој го прашува работникот дали тој има трошоци, деца, фамилија, сметки и уште што ли не. Па кој ќе му ги плати???.

Работодавците речиси никогаш немаат пари, за да исплатат плата на време. Постојано ќе се жалат за тоа како имале трошоци. Но не знам зошто едноствано вработените ги замараат со нивните трошоци и проблеми ако не можат да ја водат фирмата има решение – да го стават клучот на врата.

Дали некој вработен го замара работодавецот кој има десет пати повеќе пари од неговата бедна плата дека има трошоци???. Епа ајде сите да работиме од љубов, а тие нека ги полнат своите џебови. Можеби така ќе бидат најсреќни и нема да се жалат.

Најинтересно е кога работодавците се жалат дека немаат пари, а вработените се смеат. Многу јасно дека ќе се смеат кога постојано кукаат дека немаат пари а дома имаат возен парк од најскапи возила, и секој викенд одат да се одморат . За сметка на тоа работниците кои црнчеле цела година едвај имаат да извојат за еден одмор од 10 дена или пак да истераат викенд.

Но зошто е тоа така, зошто нашите работодавци преку ноќ сакаат да заработата на грбот на своите работници, а притоа да не им платат за сработеното.

Платите се минимални а работата е обемна. Едноставно ја користат ситуацијата на безпарица и невработеност  и се доволно свесни дека младите во оваа тешка економска ситуцаија кога тешко се наоѓа работа ќе прифатат колку да не седат дома да работата за максимални 10 000 денари примања, а некаде да не се изненадите и ако ви понудат и плата од 6000 денари. Се работи во просек по 12 часа, но платите се тие.

Додека да дојде време да те пријави во заводот за вработување за да почне да тече стажот, до тогаш ќе ве бомбардираат со најразлични договори, а најинтересно е што за тоа време нема да ви биде исплатен ниту денар за сработеното.

Уште една работа која што многу често ја прават газдите, е тоа што обожуваат да ги пријават своите вработени со основно образование, за да ви плаќаат помали придонеси, а некој пак не плаќаат ништо.

Платите секако не се редовни, секогаш едниот исти изговор нема пари, во криза сме. Но на што ли ќе се вадеа да немаше криза.  Но тука не запираат далаверите на работодавците. Може да налетате на некој со празни ветувања од типот-првите три месеци ќе земаш плата 10000 после ќе ти ја покачиме платата. Но ништо од тоа ќе останете на тие 10 000, а и тие ќе ви доцнат.

Многу е честа ситуацијата кога работодавачиот ќе те извести дека следниот месец ќе ти ја скрател платата како казна поради некоја си причина што ни самиот не ја знае.

Има и такви кој работниците ги пријавиваат на неколку месеци па ги одјавуваат па повторно ги пријавуваат, и цело време така, а работникот кога ќе дојде време за пензија ќе се чуди кај му се годините и дупките во стажот. Па со ваков однос на газдите може и ќе извади едно 4000 денари пензија. Едноставно поминаа и тоа од многу одамна времињата кога можеше да се вработиш на едно место и тука да ја дочекаш својата пензија.

Многу е интересно кога веќе ќе отидете на интервју а претходно сте имале слична работа на слично работно место и кога ќе ви каже газдата дека треба да бидете пробно некој месец. Нормално ќе се сложите поради тоа што денеска е тешко да најдете работа и колку да не седите дома вие ќе прифатите. Месеците за волонтирање, или пробно или пракса како сакате наречете ги, нема да ви бидат платени или пак ќе добиете некој 6000 денари и потоа ќе ви речат дека немаат потреба од вас.

И има уште многу други примери кои покажуваат на кој се начини си поигруваат газдите со вработените.

Но ајде малку да ја префрлиме топката. Нека бидат тие на наше место. Да им дадеме плата од 6000 денари да видме што ќе прават со тие пари. Но многу е интересно кога трудот на младите се цеди за ич пари.

Во земјите во светот има многу интересни закони кои ги доведоа газдите во ред и неможе да си поигруваат со нивните плати и труд. Тами младите веќе на 30 години имаат се, и свој дом и куќа или стан и автомобил, семејство, плата и се останато како што и треба да биде.

За разлика до таму кај нас се додека законите се на страната на работодавците тие и понатаму ќе се однесуваат така како што се однесуваат и ќе си дозволуваат да ги менуваат вработените како чорапи. Еден месец едни друг месец други. Поради тоа кај нас и на 30 и над 30 гдини немаат ништо освен една плата од 10 000 денари. Нормално со 10 000 што би направил. Дали некој би градел семејство со овие примања.

Но има  такви кои и на 50 години ја губат својата работа. Тие луѓе едноставно на таа возраст немаат каде да одат, па поради тоа одат во земјите каде бараат сеознски работицни и работата за плата од 2000 евра што за тој работодавец таму е ништо а за нас пари за кој може овде да сонуваме.

За жал на младите денеска или им останува да одат надвор да го бараат спасот или пак да се помолат дека некогаш овде во оваа змеја ќе се одобри ситуацијата, која веќе со години наводно се опоравува но резултатите од тоа никој не ги почуствувал.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1