Откриена нова супстанца која ќе не спаси од заболекарите


Оваа молекула ја дизајнирал еден стоматолог од Чиле, кој тврди дека ги убива сите бактерии кои предизвикуваат кариес за само една минута.


Оваа супстанца е наречена Keep 32, самото име ни кажува дека супстанцата има за цел да ги зачува здрави сите 32 заба во нашата усна шуплина.
Оваа молекула ја дизајнирал еден стоматолог од Чиле, кој тврди дека ги убива сите бактерии кои предизвикуваат кариес за само една минута. Тој тврди дека оваа супстанца е безбедна и може да биде дел од составот на пастите за заби, средствата за нега на усната шуплина, храната итн.

Цел при испитувањата за дејството на оваа супстанца, била бактеријата која во устата се наоѓа нормално кај секој од нас, но ги претвара шеќерите во млечна киселина која ја разорува забната глеѓ, тоа е бактеријата Streptococcus mutans. Со тоа што ќе се уништи бактеријата, со оваа супстанца, докторот вели дека ќе се спречи расипувањето на забите.

Секако дека дејството не е долготрајно. Со употреба на средства кои би ја содржеле оваа супсатнца, вашите заби би биле безбедни само неколку часа.
Овој производ бил подложен на испитување цели седум години, а во моментов се прават испитувања на неговото дејство врз луѓето.

На пазарот би се нашол за од прилика 14 – 18 месеци, велат истражувачите Хосе Кордова од универзитетот Јеил и Ерик Астудиљо од Универзитетот во Чиле.

Оваа супстанца по своето дејство претставува антибиотик, а еден од многуте факти за антибиотиците е тоа дека, доколку немаат сто процентна ефикасност, бактериите би развиле отпор кон нив, со други зборови, бактеријата би станувала се поотпорна и со поголема разорувачка моќ, се додека оваа супстанца би била никаков фактор врз нејзиниот живот, па тогаш би морале да се измислуваат нови супстанци за истата намена, но повеќе не би биле супстанци кои би делувале против истата бактерија, тогаш оваа бактерија која ја пишува погоре, би била некоја мутација на истата, само далеку помоќна и поопасна за нашите заби.
Како и да е, ова е револуционерно откритие, кое секако дека би помогнало помалку време да се поминува на стоматолошките столчиња.

Автор M-r Ph Марија Петреска /

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1