Скот Рид се оженил и сакал да има деца но и покрај тоа што долго време се обидувале со сопругата Лора сепак никако неможеле да добијат дете.
Уплашени дека можеби некој од нив е неплоден отишле на лекар да направат тестови. Се запрепастиле кога лекарите ја откриле причината.
Скот секојдневно користел лаптоп, а имал навика да го држи во скут. Тоа предизвикувало огромно загревање на семената течност, поради што не можело да дојде до оплодување. Ги послушал лекарите компјутерот да го држи настрана од половиот орган.
Само три месеци откако Скот престанал да го држи лаптопот во скут, Лора забременила. Сега ја имаат нивната ќеркичка Тарин.
,, запрепастен сум каква штета сум си нанесувал сам на себе. За среќа решението беше лесно. Се плашев дека има некој многу сериозен проблем, вели Скот.
Одлучиле да ја раскажат својата приказна како би ги предупредиле сите мажи да внимават за да не се соочат и тие со овој проблем.