Невена Драгутиновиќ 29 годишната девојка која почина кога со автомобил ја прегази во Белград кошаркарот од Јамајка Френд Кимани денеска погребана во родното место.
Неутешната сестра близначка скршена од болка и низ солзи ги молеше присутните да не ја заборават нејзината сестричка, да ја помнат.
Сетете се на Нена кога сте тажни ќе ви биде полесно, но сетете се на неа и кога сте весели, во кафана нарачајте ги песните кои ги сакаше, помнете ја, немој да дозволите да се заборави, ве молам,, велела нејзината сестра, која и сведочела на смртта на својата сестра. тие биле заедно ноќта кога на нив налетал пијаниот кошаркар.
Скршен од болка и нејзиниот вереник Невен лидер на бендот „In vivo“. Го гушна сандакот со неговата сакана и прашуваше постојано зошто?
,,Ќе те сакам засекогаш, пред три дена ти кажав дека сакам да остарам со тебе, ни во лудило не ни помислував дека ќе те изгубам преку ноќ . утрото кога ми кажаа дека си загинала… загинав и јас принцезо моја. Бев во нашиот стан те довикував, вриштев, плачев, те нема – и што сега?
Пола мое срце е твое, твоето е мое – не е крај живееме заедно, сон мој,, напишал Ненад во прошталната порака на својто фејсбук профил.
,, нека те чуваат ангелите – беше среќа за сите нас, со солзи се простија од неа таткото и дедото.
Секое утро се молам ова веќе никогаш да не се случува. Возете полека, немој да пиете – младината ни гине, прекрасни деца, толку скршени животи, солзи, неутешност за една ваша бесна ноќ – рече свештеникот пред ковчегот да биде засекогаш спуштен во нејзиното вечно почивалиште.
Невена е погребана во истата гробница каде во 2001 та е погребана нејзината мајка.
Кошаркарот кој ја згази и уби Невена бил под дејство на алкохол, а во суд се бранел со молчење.