Истражувајќи ја Вселената, наишле на нова Земја (Видео)


На оддалеченост од 42 светлосни години, околу ѕвездата ХД 40307 кружи планета за која што строномите веруваат дека би можела да биде новата „Земја“

Астрономите кои беа во потрага по „Новата Земја“ всушност и наидоа на една таква која кружи околу ѕвездата ХД 40307. Од BBC велат дека масата и е 7 пати поголема од Земјата, се наоѓа во простор каде што водата може да опстане во течна агрегатна состојба и се врти за 200 Земјени денови околу својата ѕвезда.

Ѕвездата ХД 40307 е оддалечена од Сончевиот систем за 42 светлосни години и околу неа зе врти потенцијалниот нов дом за човечката раса , отркиваат научниците од мрежата RoPACS.

Секако, тоа не значи дека можеме уште веднаш да ги спакуваме куферите и да тргнеме на пат низ Вселената. Освен оваа планета, постојат уште 800 други егзопланети кои се кандидати за „нова Земја“ на чија површина се уште не стапнала човечка нога.

Tags:

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1