Полициските Крајслери ќе станат такси


Кога во МВР ќе пристигнат новите Шкоди, полицијата најверојатно старите полициски возила ќе ги понуди на продажба, пишува Дневник.


иако се говори дека многу трошат, со вградување на плински уред, според иворите на Дневник, Крајслерот може да стане одлично такси возило. Тие велат дека е простран, комотен и има пријатно возење.

Тоа ќе им овозможи на сите граѓани во Крајслерите да седнат без при тоа да добијат лисици на рацете.
Покрај Крајслерите, МВР веќе ги продаде и старите комбиња, популарно наречени марици. Нив, според Дневник, најчесто ги користат молери.

Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години во 2000 година кога се набавени 210 патнички возила од марката Chrysler и 30 теренски, сите со бензински мотор. Тогаш набавените возила се во голема мера амортизирани.

Во просек, секое од овие возила има поминато повеќе од 500.000 километри, а некои и повеќе. Голем дел од нив, околу 20 отсто веќе се неупотребливи и расходувани, пишува порталот Автоплус.

Годишните трошоци за сервисирање и одржување на оние кои се во возна состојба изнесуваат околу 7.000 евра по возило, на пример само една замена на автоматскиот менувач изнесува околу 3.000 евра. Просечната потрошувачка на гориво на овие возила им изнесува над 14 литри на 100 километри.

Со оглед на овие информации дали таксистите би се впуштиле во авантура да купат екс полициски крајслер, останува да се види.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1