Како резултат од големата употреба на хемикалии, токсините се задржуваат во растенијата, а потоа завршуваат во нашите организми
– Пред два дена купив јаболка. Кога дојдов дома и ги пробав, како да сум изела пластика. Страшно е ова што се прави со нашето овошје и зеленчук, кој знае со што се се прска и што всушност јадеме – изјавува Љиљана П. од Белград, која како што вели страв и е да пазари и со истите продукти да ги храни своите деца, затоа што се шо купила во последно време имало чуден вкус.
На тезгите во Србија може да се најде разно овошје и зеленчук, домашно и увезено. Убави црвени јаболка, круши, домат со совршен облик…Но она што ги плаши купувачите е големата употреба на пестициди. Хемичарката Ивана Џујиќ открива дека пестициди се користат речиси без контрола.
– Пестицидите се користат масовно и не се води сметка при нивната употреба. Поради високата цена на пестицидите, истите се користат и за овошје и за зеленчук, а тоа не би смеело да е така. Треба да се внимава кога растенијата се прскаат и да се регулира количината на хемикалии, а треба и да се мисли што ќе биде посадено на истата почва наредна година, затоа што пестицидите можат да останат во земјата подолго од 20 години. Така, еден од проблемите е што се купуваат скришно, затоа што цената е превисока. Оттаму доаќа проблеомт со декларацијата – може да се случи на боцата да не ги пишува сите состојки кои се наоѓаат внатре. – вели Џујиќ.
Треба да се земе предвид фактот што и покрај доброто миење на обошјето и зеленчукот, отровите може да бидат задржани длабоко во растенијата.