Самохрана мајка си ги продава органите за да се прехрани себе си и својата ќерка


 

Неименувана четириесетгодишна жителка на Шпанија, на аукција го понудила својот бубрег, рожницата, белите дробови и црниот дроб, со цел да може да ја плати киријата, како не би биле исфрлени од станот.

Шпанскиот печат пренесува дека се што посакува несреќната жена е да има работа која може да ја работи и за која би била платена, со цел да ја издржува нејзината ќерка која во моментов е студентка.
Нејзиниот месечен приход не надминува 426 евра, а само за кирија мора да издвојува 400 евра. За да биде работата уште полоша, сега жената се соочува со 12 годишна казна затвор поради нелегална трговија со органи.
Но, и покрај тоа, очајната мајка тврди дека ќе го продаде секој орган од своето тело, со цел да и обезбеди пристоен живот на нејзината ќерка.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1