Штипјанка го фатила мажот во кревет со друга – ја скршила од ќотек


24 годишна штипјанка со видливи повреди по главата и телото во полиција пријавила дека ја киднапирале 3 лица и ја тепале. Но по неколку дена истрага вистината излегла на виделина.

Девојката била претепана од сопругата на нејзиниот швалер. Жената го фатила на дело мажот во кревет со 24 годишната штипјанка и лута и се нафрлила со клоци и боксови. Ја скршила од ќотек. Ја влечела за коса а потоа ја отавила целата во крв на градскиот плоштад, пренесува Нова Македонија.

Девојката која исто така била во брак од срам не се враќала дома, а сопругот ја пријавил за исчезната кога видел дека ја нема. Немајќи како да му каже на сопругот кој ја натепал одлучила да излаже дека била киднапирана.

Истрагата на полицијата открила дека штипјанката лажела. И открила дека девојката била претепана од сопругата на својот љубовник.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1