Скандал на Клиниката за урологија во Скопје на пациентка од Куманово и извадил дел од панкреасот.
При операција лекар требало да го отстрани нефункционалниот бубрег од 75 годишна пациентка, но наместо тоа тој по грешка и извадил дел од панкреасот. Имено како што пишува Нова Македонија на докоторот, панкерасот на кој имало и циста му личел на бубрег, па при операцијата го отсранил, инцидентот го потврдил и директорот на Клиниката кој најавил дека ќе се одлучува за одговрноста на хирургот кој инаку е докотор на науки.
Левиот бубрег на пациентката бил нефункционален, и според дијагнозата требало да биде изваден. Жената имала и циста на панкреасот и докторот помислил дека тоа е органот што го бара. Кога го извадил парчето, лекари велат дека не го исекол, како што обично прават хирурзите, туку го пратил на испитување кај хистопатолог. Бидејќи пациентката по операцијата имала гноење, по операцијата морала да има дополнителен третман на клиниката. Оттаму ја пратиле на снимање со компјутерски томограф и снимката покажала дека таа го има бубрегот што требало да биде изваден.
Дополнителен шок се случил кога пред неколку дена стигнале резултатите од извадениот дел од телото. Со нив се покажало дека се работи за циста на панкреас и панкреасно ткиво тешки околу 20 грама“ – пишува Нова Македонија. Сега пациентката ја чека нова операција за да се извади бубрегот.