На голем одмор по вибратор – Отвориле Секс-шоп до училиште!


Филмовите и играчки за возрасни се продаваат преку пат до средното машинско училиште во Нови Сад. Сопственикот тврди дека се е легално и дека влезот за малолетници е забранет.

 

Секс-продавница, во која се продаваат филмови и играчки за возрасни, се наоѓа преку пат до главниот влез во средното машинско училиште во Нови Сад.

Средношколците кажуваат дека продавницата за возрасни е со години на таа адреса, и многу одат таму. Вработените во секс-шопот ја демантираат информацијата на средношколците, со напомена дека за помлади од 18 години, влезот е забранет.

– Во повеќето случаеви децата одат во секс-шоп. Ги видов неколку пати, а воглавно одат во групи. Не видов дека некој ги исфрли надвор затоа што се малолетни  – раскажува Милица Т. Кажува дека живее на улицата каде што се наоѓа секс-шопот, и дека никој не правел проблем што објектот од таков вид е токму на тоа место.

Продавницата, покрај порно-филмови, нуди и сексуални помагала од различни видови. Влезот е прекриен со фолија, така што од надвор не може да се видат изложените експонати во продавницата.

– Понекогаш другарите се качуваат на ограда покрај продавницата за да видат што има внатре. Некогаш им е срам да влезат, па на тој начин се интересираат – кажува Бојан Т.

Вработениот што сакал да остане анонимен, кажува дека малолетниците не доаѓаат во продавница, бидејќи таа работи по 13 часот, кога средношколците си одат дома.

– Токму поради децата поставивме фолија на вратата и прозорците, за да не можат малолетниците да ги видат производите во самиот објект. Воедно сакаме да ја заштитиме приватноста на муштериите кои купуваат од нас – објаснил продавачот.

Директорот на средното машинско училиште Милош Мазалица, кажува дека до вчера не знаел дека во близина на училиштето се наоѓа секси продавница, и дека за се ќе ја извести инспекцијата. Како што наведува, досега никој од родителите на децата не поднел приговор за работата на спорниот објект.

За време на вчерашниот работен ден, не успеавме да дознаеме дали е според закон и уредбите на градот, е дозволено секси продавница да се наоѓа во близина на училиштето.

СОПСТВЕНИКОТ ТВРДИ ДЕКА СЕ Е ЛЕГАЛНО

Сопственикот на СТР „Аргус“, како што е регистрирана секси-продавницата, Милан Драгиќ кажува дека не гледа ништо спорно во тоа што продавницата се наоѓа во близина на училиште, и дека сличен објект има и во близина на тамошното средно угостителско училиште.

– Ниеден закон не забранува секси-шоп да се наоѓа во близина на училиште. За малолетници е забранет влез, така што тие не влегуваат во продавницата – објаснува Драгиќ.

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1