За луѓето од ВМРО-ДПМНЕ знам многу лични работи и многу пикантерии, меѓутоа не сакам и не е тоа мој стил, освен ако директно не бидам нападнат и тогаш ќе мора да вратам, вели во интервју за Слободна Европа, Љупчо Георгиевски
Георгиевски потсети како му вратил на Бошкоски за да покаже дека е сериозен. ,,Кога се обиде да ме нападне, враќањето мислам му беше многу непријатно,, вели Георгиевски. Не одговори конкретно дали има пикантерии и за Никола Груевски, но додаде дека ВМРО ДПМНЕ го гледа како свој личен пораз.
На прашањето дали мисли оти опозициската коалиција, на која сега и припаѓа и неговата партија, може да го реши спорот за името, тој одговара:
„ Во оваа коалиција по прашањето за спорот за името има различни ставови, има потврди ставови, има помеки ставови. Позицијата на ВМРО-Народна партија е најотворена, најлиберална. Таа е многу јасна, дваесет години се занимаваме со оваа работа, Македонија не може да си дозволи уште 20 или уште 40 години да се влече во оваа состојба и за мене ситуацијата е јасна. Манипулацијата со името значи нешто рејтинг повеќе, уште еден изборен циклус, меѓутоа ја водите Македонија на патот на катастрофата“, вели Георгиевски.