1. Коцкаста медуза
Го добила своето име по нејзината форма има исклучително моќен отров. Убодот од ова суштество може да биде болен, а понекогаш и фатален за луѓето. Во последните 60 години, направена е проценка во која се смета дека ваквото суштество било кобно за 6000 животи. Отровот е еден од најсмртоносните токсини кои што влијае на срцето, нервниот систем и кожата.
Може да порасне до 5,6 метри должина, што ја прави најдолгата отровница на светот.
Генеричкото име го добла од грчи збор кој означува змија која што јаде. Истата се храни со други видови на змии, меѓу кои има исто така и отровни па дури и нејзините малечки.
Едно каснување од оваа змија може да биде смртоносен. Може да убие и азиски слон во рок од 3 часа, доколку животното е каснато на одредно ранливо место.
3. Шкорпија Leiurus quinquestriatus
Спротивно од верувањето дека повеќето скорпии можат да бидат релативно безбедни за луѓето, поради нивните убоди кои предизвикуваат блага болка, анемија или пак оток, шкорпијата Leiurus quinquestriatus е позната како смртоносна. Нејзиниот отров – коктел од невротоксини кои предизвикуваат интензивна и неподнослива болка, придонесуваат за човекот за кратко време да падне се парализира да падне во кома, па дури и да дојде до смрт. Има неколку имиња кои што луѓето и ги дале на ова смртоносно животно кое е познато икако Палестинската жолта скорпија или пак израелската пустинска скорпија.
4. Taipan позната и како Жестока змија
Оваа змија потекнува од Австралија, а со едно каснување може да излачи доволно отров за да убие 100 луѓе Невротоксичниот отров е 200 до 400 пати потоксичен од вообичаениот отров на кобрата. Овие животни се прилагодуваат на животната средина со менување на бојата на кожата која се менува во однос на сезонските промени. Имаа тенденција да станат посветли во текот на летото и потемни за време на зимските студени времиња. Овие сезонски промени на кожата им овозможува терморегулација, дозволувајќи им на змијата да апсорбира повеќе светлина во постудените месеци. Името жестока претставува алтернативно име кое што го има добиено благодарение на нејзиниот отров, а не поради карактерот. За среќа змијата е доста плашлива, а се наоѓа и противотров.
5. Отровна жаба стрелец
Живее во пределот на дождовните шуми во Централна и Јужна Америка и во никој случеј не смеете да се обидете да ја фатите. Можат да бидат исклучително отровни. Некои од овие водоземци можат да се препознаат по нивнитесветло обоени тела, а одредени видови од ова суштества се сметаат за критично загрозени. Големината на стрелата која што ја испуштаат ваквите водоземци може да достигне и до 5 сантиметри, а во неа може да има доволно отров за да убие 10 возрасни луѓе. Во минатото локалните племиња ги користеле нивните отровни стрелки како оружје.
6. Октоподот со плави прстени
Плавите прстенести октоподи се мали со големина на топче за голф, но се сметаат за крајно отровни суштества кои што живеат во крајбрежните води низ Австралија и во северните крајбрежни делови на Јапонија. Овие суштества кои што живеат во коралните гребени во Пацификот и Индискиот Океан, од Јапонија до Австралија, се признати како едни од најотровните морски животни.
И покрај нивната мала големина, тие се релативно прилагодливи на природните услови, но исто така докажана голема опасност за луѓето. Кога се вознемирени истите потемнуваат Во нив има доволно отров за да убие 26 луѓе за неколку минути. Не постои никаков противотров.
Лицето почнува да чуствува вкочанетост, тешкотии во говорот, проблеми со дишењето, целосна парализа и смрт поради срцев удар и недостаток на кислород.
7. Бразилски пајак
Познат како банана пајак скитник, се род на одбранбени и високо отровни пајаци кои што можат да се најдат во тропските предели на Јужна и Централна Америка. Овој пајак во 2010 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најотровен пајак во светот. Во 2007 година предизвикал најголем број на смртни случаеви само поради едено каснување. Овие пајаци се опасни не само по нивниот отров туку и по нивното однесување. Не седат мирни и не плетат мрежи. Патуваат низ земјата, се кријат во згради, облека, обувки, автомобилите, всушност насекаде, со што го зголемува ризикот од неочувано каснување.
8 Пафер риба
Пафер рибата, или надуената риба, е втората најотровна риба на светот. Риболовците препорачуваат користење на дебели ракавици при ловот на оваа риба, за да не би дошло до труење.
9 Мрамор конус полжав
Вид на предаторски морски полжав, се верува дека се храни исклучиво со морски школку Неговиот отров е до толку моќен што една капка може да убие до 20 луѓе.
10. Камен рибата
Рибата Камен живее во водите околу Австралија, и е најотровна риба на светот. Оние кои ја преживеале средбата со оваа риба, раскажуваат дека нејзиниот отров предизвикува најлоша и најјака болка на светот.