,, да ги набијам на к… Милановиќ и Јосиповиќ и нивните мислења за војната и ослободителната пресуда, напишала на фејсбук новинарка на ХРТ Хелена Крмпотиќ.
Новинарката коментирала за ослободителната пресуда на Готовина и додала ,, ако барем малку наликуваме на држава, уште денес би биле спалени на клада на Марковиот плоштад”.
Во коментаритер ја предупредиле да се однесува цивилизирано и без вулгарности, на што одговорила дека и е “полн к…. цивилизираност. Издаици на хрватскиот народ. Срам ми е каде живеам”.
Уште и додала дека на премиерот и претседателот би им ги намонтирала главите на улица за да кучињата мо.. на нив”.
Покрената е интерна истрага во ХРТ по која ќе се знае дали и како ќе биде казнета новинарката поради говор на омраза кои според нив не доликува на еден новинар на јавниот сервис.