Црвенковски: Бучковски ми е најголема грешка – ќе го исклучам од СДСМ


„Погрешив, но не обвинувам никого. Од тој момент почна раслојувањето. Првпат се формираа партии кои произлегоа од СДСМ, почнаа кавгите и расправиите.

Најлесно е да кажам дека е тоа одговорност на оние кои во тоа време раководеле со партијата, но не можам да се ослободам од одговорност и од грижата на совест, што дозволив таквите да дојдат на чело на партијата“. Ова го изјави лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски во емисијата „Во Центар“ признавајќи дека неговата кандидатура за претседател на Македонија најмногу влијаела на раслојувањето во партија.

Црвенковски јавно му се закани на Бучковски дека ќе го исклучи од партијата доколку продолжи јавно да критикува.

„Владо Бучковски не може да игра на ниедна карта. Сам е карта во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, кој се служи со удбашки методи за да направи раздор и во СДСМ и во здружената опозиција.  Не ја исклучувам можноста да го исклучам од партијата, ако тоа продолжи, токму таков ќе биде епилогот“, рече Црвенковски во есмијата Во Центар.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1