Волшебниот свет на минијатурното



Во човековата природа и гени е впишано да тежнее и да го сака големото, монструозното и огромното. Големината е знак на превласт над другите и симбол на моќ.

Сепак, за среќа има сеуште народи и култури кои знаат да ја ценат и почитуваат убавината и волшебноста на минијатурниот свет. Од земјата на изгрејсонцето, која има традиција на минимализам и минијатурни уметнички дела, ни пристигна најновиот тренд.

Добро, може не е ништо ново, не измислиле топла вода, но дефинитивно ја подобриле и разубавиле.
„Хјаку ен дама но хито“ или „Личности колку 100 јени“ се збирка на скулптури-привезоци кои се со големина од 100 јени(колку за споредба монетата од 100 јени е голема колку монетата од 1 денар, плус-минус половина милиметар).

Овие фигури се појавија во Јапонија минатата година, по објавувањето на фотографии од еден анонимен и мошне талентиран автор. Минатиот петок се појави најновата едиција од фигурите, под име „Girls and Panzer“(„ Девојки и Оклопи“), и иако голем број на уметници придонесоа со голем број на нивни скулптури, сепак никој до сега не го надминал анонимниот артист, кој секогаш фигурите ги става до монетата од 100 јени и употребува иста позадина.


Јапонија има долга традиција во правење на минијатурни скулптури, сепак, ова е првпат после 17от век, некој да создава волку минијатурни скулптури, корените на овие фигури водат до украсите на традиционалните кимона од 17от век кои се нарекувале „нетсуке“.

Малите шарени орнаменти го претставувале семејството, рангот и благосостојбата на семејството, покрај основната функција за прицврстување на облеката.

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1