Утре масовен протест на оризопроизводителите од кочанско


Незадоволни од ниските откупни цени и политиката на Министерството за земјоделство, оризопроизводителите од кочанскиот регион за утре најавија масовен протест пред Управната зграда на локалната самоуправа. Иницијативниот одбор на оризопроизводителите најави присуство и на земјоделци чија основна дејност не е оризот.

-На овој протест сакаме да им укажеме на Владата и ресонрното Министерство дека е ДОСТА од лагите и манипулациите со оризопроизводителите и еднаш засекога да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец. Цената на оризовата арпа што е договорена со Владата не се политува на теренот. Наместо 25 денари, арпата се откупува за помалку од 20 денари за килограм, се вели во соопштението на Иницијативниот одбор.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1