АЕК најави нов тендер за 4Г


Агенцијата за електронски комуникации планира наскоро да распише нов тендер за користење на радиофреквенциите од страна на операторите за четвртата генерација мобилни телефони 4Г, со промена во тендерските услови, јави Миа.

– АЕК наскоро ќе распише нов тендер за што сме во комуникација со операторите и оптимист сум дека овој пат тендер ќе успее. Граѓаните од септември 2014 година ќе можат да ги користат бенефитите од новата генерација мобилни телефони која нуди одлични супериорни перформанси и со сите нови телефони што ќе се продаваат во Македонија се 4Г практично ќе можат да бидат искористено максимално перформансите во таа мрежа, изјави денеска директорот на АЕК Роберт Ордановски.

Тој најави дека на 4-ти следниот месец во Брисел ќе се одржи состанок за иницијативата што АЕК ја поднесе до Европското регулаторно тело БЕРЕК за намалување на роаминг-цените за македонските граѓани.

Разговорите ќе се водат со Генералниот директорат за комуникациски мрежни содржини и технологии при што треба да се создаде правна рамка за меѓународен роаминг за Македонија со Договорот за стабилизација и асоцијација. Очекувањата се цените на роамингот да се намалат за четири до шест пати.

Меѓу клучните проекти на АЕК од Стратегијата за развој на пазарот на електронски комуникации за периодот од 2012 до 2016 година, според Ордановски, е и драстичното намалување на цените во мобилната телефонија.

Од 1 септември 2013 година големопродажните цени во мобилната телефонија ќе бидат намалени, односно ќе изнесуваат 1,2 денари. Со таквото драстично намалување на големопродажните цени се очекува и значително намалување на малопродажните цени

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1