6-годишно девојче од Истанбул, Турција попладнево било спасено од давење на плажата кај Свети Наум. Девојчето се капело во водите на охридското езеро и струите ја однеле 80 метри надвор од безбедносната зона, јавува а1 он.
За среќа ја забележал спасителот на плажата и веднаш влегол во водата. Успеал да го спаси девојчето со помош на кајак кој бил поставен за издавање на плажата.
„Ситуацијата сега е во во ред, им се пружа помош на девојчето и семејството. Добро е што интервенцијата за спасување заврши успешно“, изјавил за А1 он Миодраг Цекиќ координатор на спасувачките екипи на Црвен крст Охрид